Search

Египетските безбедносни сили убија 16 милитанти во северниот дел на Синај

Египетските безбедносни сили убија 16 милитанти во две одделни операции во градот Ариш во северниот дел на Синај, јавија денеска  државни медиуми.

Извештајот за насилство во Синај следеше еден ден по загинувањето на тројца полицајци во експлозија во центарот на Каиро.

Десет милитанти беа убиени во областа Ариша Обеидат, а уште шестмина во областа Абу Еита, објави весникот „Ал Ахрам”.

Одредено количество на оружје, муниција и експлозиви беа пронајдени за време на акцијата во областа Абу Еита.

Не е наведено дали има жртви меѓу безбедносните сили.

Телата на милитантите се префрлени во неколку болници во градот Исмаилија, а подоцна се идентификувани, соопштија безбедносни и медицински извори.

Египет се бори против бунтот на милитантите од 2013 година, главно во северниот дел на Синај.

Треба да знаете
Последни објави