Search

Егзодусот во Вардар може да почне и пред дуелот со Мотор

Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак во машка конкуренција Вардар никако да се извлече од финасиската агонија која го тресе последниве сезони, откако газдата, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко постојано им приредува по некоја епизода од серијалот „си одам не си одам“. Русинот ги држи ракометарите на „лажиче“. Тоа неодман го призна и Германецот Кристијан Дисингер кој соопшти дека им се должат многу пари, а им се дваат по 300 евра за да го преживеат месецот. Тој потврди дека никој повеќе неможе да го задржи во Вардар.

Ваквиот однос го доведе во прашање доигрувањето на сезоната во постојниот состав, бидејќи на крајот од сезоната ќе се разбегаат и оние најупорните кои веруваа дека ситуацијата ќе биде санирана. Егзодусот во Вардар може да почне и пред дуелот од групната фаза во Лигата на шампионите каде „црвено-црните“ сеуште го немаат верификувано настапот во осминафиналето од елитното натпреаврување. В сабота (17.30 ч.) пред своите гледачи играат со украинскиот Мотор Запорожје, за верификација на  шестата позиција која е последната што носи настап во нокаут-фазата. Пред овој дуел најави за напуштање на „црвено-црните“ има од средниот бек, рускиот интеранционалец Павел Атман и десниот бек, летонскиот „џин“  Даинис Кристопанс.

Атман се враќа во Русија, во редовите на Спартак Москва, а Кристопанс до крајот на сезоната ќе продолжи во бундеслигашот Фуксе Берлин. Прашање е дали ќе се простат од Вардар пред или по мечот со Мотор Запорожје. Раковдството на Вардар кое разговарало со играчите сака тие да останат барем за дуелот со Мотор да биде верификуван пласманот во осминафиналето во ЛШ па потоа слободно да си заминат од клубот. Атман за поскоро заминување како причина навел и приватни обврски, неговата сопруга е бремена и сака да се врати час поскоро дома, а Кристопанс во Фуксе Берлин, ќе има право да игра само во Бундеслигата, по што на крајот од сезоната ќе се пресели во ПСЖ.

Мешков Брест со победата на гостувањето кај Мотор Запорожје (36-33) направија дополнителен притисок на македонскиот и актуелен европски првак Вардар во трката за пласман во нокаут фазата од ЛШ. Мешков Брест сега е на 7.место на табелата со 6 бода, Вардар има три бода повеќе (9), во Б групата.
.

 

 

Треба да знаете
Последни објави