Search

Евтина струја ќе има и по Нова година

Евтини тарифи и заштита на корисниците од ценовни шокови и по либерализацијата на пазарот, ветува РКЕ.

Најдоцна до 05.09.2018 година, ќе се распише меѓународен тендер за избор на универзален снабдувач. Законот не дозволува одложување на либерализацијата на пазарот и досегашниот снабдувач ќе ја врши дејноста сè до моментот на избор на универзалниот.

“Домаќинствата и малите потрошувачи во секој момент го имаат правото да излезат од регулираниот пазар и да бидат снабдувани на слободниот пазар доколку условите се поповолни. Јас очекувам и снабдувачите на слободниот пазар да бидат иновативни и да воведат и нови понуди пред сè и за домаќинствата”, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Слободниот пазар за електрична енергија е исклучително корисен за компаниите. Тие сега плаќаат три пати поскапа електрична енергија споредено со фирмите од странство, што значително ја намалува нивната конкурентност.

“Очекувам со либерализацијата на пазарот малите потрошувачи, пред сè, комерцијалните објекти, да си ги намалат своите трошоци за електрична енергија”, вели Бислимовски.

Од РКЕ  информираат дека со тарифниот систем си останува концептот на евтина тарифа за домаќинствата. Уште една новина е што Законот предвидува дека за намален квалитет на испорачаната и заради неиспорачана електрична енергија корисниците ќе имаат право на соодветен надомест на штета.

Треба да знаете
Последни објави