Search

Европски економисти со поддршка за издавање еврообврзници

Пандемијата на новиот коронавирус е историска пресвртна точка што може да одлучи за опстанок или колапс на европски проект, изјави за ДПА еден од авторите на отвореното писмо на европски економисти за поддршка на еврообврзниците.

Марчело Синорели, професор по економска политика на Универзитетот во Перуџа, Италија, е меѓу иницијаторите на повикот што економистите од Европа го упатија до јавноста за да обезбедат поддршка за овој вид задолжување.

Нивното отворено писмо е потпишано од над 1100 економисти и се очекува денеска да биде објавено во неколку европски весници.

Прашањето за издавање еврообврзници предизвика дебати и поделби во ЕУ, какви што немаше од времето на должничката криза во монетарната унија, забележува ДПА.

Треба да знаете
Последни објави