Search

Европските Зелени бараат ЕУ да одобри старт на преговори со Северна Македонија во октомври

Партијата на Зелените во ЕУ се огласи преку соопштение со поддршка за отворањето пристапни преговори со Северна Македонија во октомври, ден по посетата на Доналд Туск на Скопје.

Копретседателите на партијата, Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони ги поздравија пораките што ги упати претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, од Скопје.

Туск, по средбата со премиерот Зоран Заев истакна дека Северна Македонија го сработила својот дел и дека на потег се сега земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло во октомври за почетокот на пристапните преговори.

-Северна Македонија ги надмина очекувањата со тоа решавањето на долгиот и горчлив спор со Грција и со обидите да се стави на поотворен, толерантен и про-европски пат, порачуваат Зелени на помалку од еден месец од клучниот Совет на кој земјите членки ќе одлучуваат за почетокот на преговорите со Македонија.

Огромните напори вложени од македонска страна треба да бидат наградени, сметаат Зелените.

-Јасно е дека иднината на Северна Македонија припаѓа во ЕУ, на лидерите на ЕУ е сега гласно да го одобрат овој чин на политичка храброст и да гласаат за отворање на пристапните преговори во октомври, бараат Бутикофер и Фрасони.

Треба да знаете
Последни објави