Search

Европските држави со првата INSTEX трансакција испраќаат медицински производи во Иран

Франција, Германија и Велика Британија официјално потврдија дека ја завршиле својата прва INSTEX трансакција со Иран, извезувајќи медицински производи во земјата погодена од американските санкции, пренесува „Спутник“.

Според германското Министерство за надворешни работи, Берлин се надева дека ќе го подобри механизмот и ќе изврши поголема трансакција со Техеран.

Механизмот за трговија INSTEX претходно беше создаден од европските земји за да се надминат едностраните ограничувања наметнати од Вашингтон против Исламската бидејќи САД се заканија дека ќе ги таргетираат тие тргувања со Техеран преку секундарни санкции.

Иран, меѓутоа, во повеќе наврати го критикуваше INSTEX за неправилно функционирање.

Веста доаѓа неколку месеци откако Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Белгија и Холандија се приклучија на механизмот кој им овозможува на земјите да ги заобиколат санкциите на САД против Иран.

Медицинските производи се испраќаат во земјата во услови на пандемија на коронавирусод Ковид-19 која сериозно го зафати Иран, кој е најтешко погодената азиска земја по Кина.

Според официјалните податоци, во Исламската Република има над 41.000 заразени, а бројот на починати во моментот е 2.757.

Треба да знаете
Последни објави