Search

Европските берзи бележат пад

Вредноста на акциите на европските берзи денеска се намали до најниското ниво во последните седум години, поради тоа што се поголем број држави се во самоизолација поради новиот коронавирус, па вложувачите стравуваат од длабока рецесија.

СТОХХ 600 индексот на водечките европски акции околу девет часот и 30 минути беше во минус 4,6 отсто, што е најниско ниво во последните седум години.

Додека лондонскиот ФТСЕ индекс се намали за 4,90 проценти на 4.938 поени, додека франкфуртскиот ДАХ забележа пад од 4,50 отсто на 8.523 поени, а парискиот ЦАЦ се намали на 3.872 поени.

Падот на финансиските берзи покажува дека вложувачите не се убедени дека мерките ќе бидат доволни за ублажување на негативните последици од Ковид-19 врз економијата.

Според аналитичарите, понатамошното ширење на коронавирусот сериозни и штети на глобалната економија, па очекуваме растот на светската економија да биде на ниовот од времето на глобалната финансиска криза.

Во минус од утрото се и американските термински индекси, а денеска се очекува и понатамошен пад на цената на акциите на Волстрит, кои минатата недела забележаа најголема недлна загуба од финансиската криза во 2008 година.

И на азиските берзи цената на акциите забележа пад. Индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, утрово беа во минус околу пет отсто.

Додека на Тоиската берза Никеи индексот забележа раст од два отсто на 16.887 поени. Тоа најверојатно се должи на очекуваните мерки од Јапонската централна банка за поагресивно купување на акции.

Треба да знаете
Последни објави