Search

Европските акции во пад и на почетокот од новиот квартл

Европските акции првиот трговски ден во новиот квартл забележаа пад откако економските податоци од Азија укажаа на трајна штета од пандемијата со новиот коронавирус и предизвикаа страв од длабока глобална рецесија.

Паневропскиот индекс СТОКС 600 утрово забележа пад од 2,4 отсто по  вчерашното завршување на најлошиот квартл во последните 18 години.

Мерките преземени за запирање на ширењето на Ковид-19 ја запреа и деловната активност и ја зголемија заканата за губење на компаниите и масовни отпуштања на работниците.

Во март, според денешните податоци, фабричката активност во поголем дел од Азија била во пад, бидејќи пандемијата го парализира синџирот на снабдување, при што извозот на Јапонија и на Јужна Кореја го засени умереното подобрување на економската активност во Кина.

Индексот на најликвидни акции на Лондонската берза ФТСЕ 100  денеска забележа пад од 2,5 проценти, додека акциите на финансиските комании се намалија за 7,0 отсто, откако голем број на банки во Велика Британија ја стопираа исплатата на дивидента со цел да ја зголемат ликвидноста.

Треба да знаете
Последни објави