Search

Европскиот парламен изгласа забрана за различен квалитет на производите во ЕУ

Европскиот парламент вчера ја изгласа забраната за различен квалитет на производите во Европската унија. Ова “става крај” на двојните стандарди кои се применуваат од страна на прехранбените компании за продажба на производи со различен квалитет под ист бренд во источниот и западниот дел на ЕУ.  Оваа одлука воведува нови правила за транспарентност на рејтингот и оценките на интернет.

-Со новата забрана се појаснува како потрошувачите да се справат со двоен квалитет на производот, а казните можат да бидат до четири проценти од годишниот промет на трговецот, рече Европскиот парламент. Директивата, која беше одобрена од парламентот со 474 гласови “за”, 163 “против” и 14 “воздржани”, сега ќе се достави за одобрување до Советот на министри на ЕУ.

Земјите-членки ќе имаат право за 24 месеци од денот на влегувањето во сила на оваа Директивада ја вметнат во нивното национално законодавство.

Новиот закон, веќе договорен со министрите на ЕУ, ги ажурира правата на потрошувачите во согласност со потребите на новата интернет-доба, со што се гарантира дека потрошувачите ќе имаат повеќе информации за тоа како системот ги оценува производите на Интернет и дали тие имаат влијание на платеното рекламирање .

Треба да знаете
Последни објави