Search

Европскиот парламент побара да прекине изградбата на „Северен ток 2“

Европскиот парламент побара денеска да се прекине изградбата на гасоводот „Северен ток 2“, се наведува во резолуцијата која денеса беше усвоена од страна на ЕП. Во резолуцијата, која е усвоена по извештајот за имплементација на договорот за асоцијација на Украина во ЕУ, е наведено дека  „ССеверен ток 2“ е политички проект, кој претставува закана за европската енергетска безбедност.

Делегатите ја пофалија добрата соработка на Украина во енергетскиот сектор и нејзиниот напредок во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и истакнаа дека Киев треба да продолжи со реформите, особено во областа на гасот и електричната енергија.

-Имајќи во предвид дека Украина има клучна улога во европската мрежа за снабдување со енергија, пратениците ја осудија изградбата на „Северен поток 2“, која ја заобиколува Украина, како политички проект кој претставува закана за европската енергетска безбедност, се вели во резолуцијата.

„Северен ток 2″ вклучува изградба на два гасоводи со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Цената на проектот се проценува на околу 9,5 милијарди евра, а пуштање во работа на гасоводот се планира до крајот на следната година, потсетува ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави