Search

Европскиот парламент го усвои контроверзниот Член 13 за авторските права на интернет

Европскиот парламент го изгласа контроверзниот Член 13, со кој се заоструваат правилата за почитување на авторските права на интернет.

Членот 13 од Законот за авторски права на интернет ги принудува интернет-компаниите да воведат строги автоматски проверки преку кои содржината мора да помине пред да се објави на платформи како Твитер, Фејсбук или Јутјуб.

Новиот закон предвидува обврска за технолошките платформи да ја „филтрираат” содржината што ја ставаат корисниците и да проверат дали има кршење на авторските права.

Во пракса, луѓето повеќе нема да можат да користат содржини на интернет без дозвола на сопствениците на авторските права, дури и во случај на анимиран гиф или „мем”.

Треба да знаете
Последни објави