Search

Европскиот парламент гласаше против планот за укинување на зимското и летното сметање на времето

Парламентот на ЕУ денеска гласаше против предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето почнувајќи од 2021 година, пренесува „Спутник“.

Членовите на Европскиот парламент одлучија да не ја укинат практиката на поместување на часовници за еден час напред во периодот од крајот на март до крајот на октомври.

Само 228 од 651 члена на Европскиот парламент го поддржаа предлогот за укинување на меувањето на времето, додека 399 европратеници го отфрлија планот.

Според предложениот амандман, владите кои планираат трајно да останат во летно сметање на времето треба да ги наместат своите часовници во последната недела во март 2021 година, а оние кои го претпочитата зимското сметање на времто треба да го наместат часовникот на последната недела од октомври 2021 година.

Идејата за заштеда на енергија со менување на времето на часовникот беше спроведена во Германија во 1916 година, а подоцна и во многу други европски земји. Во моментов, 64 земји низ светот користат летно/зимско сметање на времето.

Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година, кога таква одлука била донесена на ниво на тогашната Сојузна федеративна република Југославија. Во независна Македонија подоцна во 1996 година, менувањето на летно и зимско сметање на времето е утврдено и со Закон за сметање на времето. Од тогаш, согласно законот и Владата на седница носи одлука кој ден точно треба да се поместат стрелките.

Треба да знаете
Последни објави