Search

Европскиот парламент бара Обединетото кралство да ја појасни својата позиција

Во дебатата која се водеше   во Европскиот парламент во Стразбур, по гласањето во Долниот дом во Британија, европратениците  сметаат дека Европејците ќе останат обединети и дека правата на граѓаните остануваат приоритет на ЕП, јавува дописникот на МИА.

По одбивањето на договорот за повлекување и политичката декларација, сега во надлежност на Владата и Парламентот на Велика Британија е  да ја информираат ЕУ  каков вид на односи земјата сака да  воспостави со Европската унија, рекоа европратениците.

„Договорот за повлекување е најдобриот и единствениот можен компромис во рамките на црвените линии поставени од страна на британската влада”, изјави главниот преговарач на ЕУ за Мишел Барние.

„ЕУ нема да прифати утврдените насоки да бидат изменети, особено во однос на мировниот процес и  границата со Ирска, или на правата на граѓаните, рече Франс Тимерманс, во име на Европската комисија.

Координаторот за брегзит во ЕП, Ги Верхофштат (АЛДЕ, Белгија), повика на повеќепартсики дијалог во Велика Британија   за деблокирање на ситуацијата и потенцијално редефинирање на црвени линии од Велика Британија. Тој посочи дека релативните промени во позицијата на Велика Британија можеби не дозволуваат идни продлабочени односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

Повлекувањето без договор не е во интерес на никој, подвлекоа повеќе европратеници.

Треба да знаете
Последни објави