Search

Европска комисија: Турција официјално не објави промена на политиката кон бегалците

Турција официјално не најави промена на политиката кон бегалците во земјата, соопшти денеска Европската комисија, додавајќи дека очекува Анкара да ги исполни обврските што ги презеде за контрола на мигрантските текови.

Турција вети дека ќе ги прекине нерегуларните миграциски текови кон ЕУ и ќе обезбеди подобри услови за бегалците во Турција, во замена за поддршка од овој блок.

„Би сакал да истакнам дека турската страна не објави официјално соопштение за какви било промени во политиката кон барателите на азил, бегалците или мигрантите“, рече портпаролот на извршната власт на ЕУ на брифингот.

„Значи, од наша гледна точка, договорот ЕУ-Турција сè уште важи и очекуваме Турција да ги исполни своите обврски што произлегуваат од тоа. Турските власти официјално потврдија дека нема промена во официјалната политика. Очекуваме дека тоа ќе биде така и понатаму“, рече портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави