Search

Европската централна банка ги намали прогнозите за раст за 2020

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали на 1,1 отсто прогнозата за раст за следната година во еврозоната.

Новата претседателка на ЕЦБ, Кристин Лагард, рече дека се очекува во 2022 година растот на економската активност да се забрза и да стигне до 1,4 отсто.

Инфлацијата во 2022 година ќе порасне на 1,6 отсто, а за следната година се очекува да биде 1,1 отсто.

За 2021 година, ЕЦБ очекува инфлација од 1,4 отсто. Тоа е незначително помалку отколку процените кои беа објавени во септември, додека прогнозата за раст во 2021 останува непроменета во однос на септемвриските прогнози на 1,4 отсто.

Треба да знаете
Последни објави