Search

Европската левицата треба да го следи примерот на СДСМ, бидејќи докажа дека невозможното е возможно

На свеченоста по повод одбележувањето на 20 години од Форумот на жени на СДСМ, под мотото „20 години чекориме по патот на еднаквоста”, се обратија и потпретседателката на ПЕС жени Мија Јаворник и извршаната директорка на мрежата за родови права на Централна и источна Европа Соња Локар.

– Вие знаете што е страв, притисок, бидејќи живеете под автократија но знаете што е храброст и знаете што е борба, бидејќи вие сте тие што изборивте демократија за Република Северна Македонија, порача потпретседателката на ПЕС Жени, Мија Јаворник.

За жал морам да речам дека на почетокот бевте сами, конзервативната Европа сега ви го сврти грбот, одби да признае дека поради вашиот премиер, партијата и форумот на жени веќе ги имате европските вредности, рече Јаворник во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на Форумот на жени на СДСМ

Но нема врска, вие докажавте дека невозможното е возможно и повеќе не сте сами. Сега е ред на левата Европа, да почне да го прави роа што го прави вашиот премиер, вашата партија  и форумот на жени. Сега е ред лева Европа да излезе меѓу луѓето да работи за луѓето, бидејќи заедно можеме се, истакна потпретседателка на ПЕС Жени, Мија Јаворник во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на Форумот на жени на СДСМ.

Вие го докажавте она што јас добро го знам, а никој не сакаше да веруваа, а тоа е дека социјалдемократијата без жени не може да победи, рече една од најголемите борки за родова еднаквост Соња Локар.

Социјалдемократијата не може да остане на власт, ако ние жените не го направиме она што сега му е најпотребно на светот, а тоа е мир, еднаквост, солидарност, а ние жените сме подготвени и знаеме како тоа да го направиме, знаеме да се грижиме за другите, заеднички да ги решиме не баша лесните проблеми на светот, нагласи извршаната директорка на мрежата за родови права на Централна и источна Европа Соња Локар, во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на Форумот на жени на СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави