Search

Европската Комисија ја тужи Бугарија за лошиот квалитет на воздухот

Европската комисија одлучи да поднесе тужба пред Судот на правдата на Европската Унија против Бугарија, бидејќи земјата не обезбедила целосна примена на пресудата на Судот од 5 април 2017 година која утврди дека Бугарија не го почитува европското законодавство за квалитетот на воздухот, објави ЕК.

Судската одлука тогаш утврдила дека Бугарија не ги исполнила своите обврски согласно европското законодавство за квалитетот на воздухот. Максималните дозволени вредности за (ПМ10) честичките не се забележани во Бугарија и не се преземени соодветни мерки за намалување на загадувањето, се вели во соопштението на Комисијата.

Бидејќи тужбата е поведена врз основа на кршење на претходната пресуда, може да доведе до парични казни. Од бугарската страна се очекува да донесе и спроведе голем број мерки.

Податоците презентирани од Бугарија за 2015-2019 година потврдуваат дека продолжува упорното непочитување утврдено од судот, пренесе БГНЕС.

Досега постигнатите резултати се незадоволителни, бидејќи Бугарија сè уште не започна со спроведување на локални мерки за да се обезбеди усогласеност на граничните вредности. Бугарија информирала дека повеќето мерки се во подготвителна фаза или нема да стапат на сила до 2024 година.

Во Бугарија има некои од најголемите надминувања на годишните и дневните гранични вредности за PM10 во ЕУ, што резултира со опасност по здравјето.

Треба да знаете
Последни објави