Search

Европската комисија ја предупредува и Македонија – ,,златните пасоши и визи” се ризик за ЕУ

Eвропската комисија ги предупреди државите членки кои на инвеститорите од трети земји им издаваат ,,златни пасоши и визи”, дека со таквата пракса го зголемуваат безбедносниот ризик на целата Европска Унија. До крајот на 2017 година биле издадени 254 дозволи за привремен престој во замена за инвестиции. На првите пет места на оваа листа на издадени документи се најдоа Србија со 55 дозволи, Босна и Херцеговина со 38, САД со 35, Македонија со 20 издадени документи и Русија со 19.

Предупредувањето се однесува и на праксата на Малта, Кирап и Бугарија околу давањето државјанства на странците од трети земји за одреден износ, што се смета и за ,,продажба на ЕУ државјанства”, а опасно е во поглед на сигурноста, перењето пари, корупцијата и затајувањето данок.

Европската комисија смета дека е опасна праксата во 20 земји членки на ЕУ, меѓу кои е и Хрватска, на граѓаните од трети земји да им се издаваат дозволи за престој во замена за инвестиции. Се бара подетално да се проверуваат лицата на кои им се издаваат такво дозволи или ,,златни визи”.

Европската комисија објави извештај со кој ги повикува членките на Европската Унија да бидат внимателни при давањето ,,златни визи”, што е контроверзна национална политика што им овозможува на богатите инвеститори да добијат право на престој, па дури и европско државјанство. Оваа пракса од која корист имаат пред сè американски, кинески и руски богаташи.Комисијата од членките на ЕУ бара да бидат построги при проверката на кандидати за ,,златна виза” и потранспарентни за начините на кои ја даваат ваквата привилегија.

Земјите како Малт, Кипар и Бугарија се издвојуваат посебно поради нивниот систем кој овозможува во замена за инвестиции да се добие државјанство, и со самото тоа да се овозможи слободно движење во ЕУ.

Бугарија оваа пракса ја воведе во 2005 година и бара најмалку милион евра инвестиции. Кипар пак, оваа пракса ја започна во 2007 година и бара два милиони евра, додека на Малта од 2013 година треба да се уплатат 650 илјади евра во националниот инвестициски фонд и да се вложат 150 илјади евра, плус обврска да се купат или изнајмат недвижниви на Малта.

Гардијан пишува дека членките на ЕУ на тој начин вклупно заработиле околу 25 милијарди евра во последните десет години, а богати поединци на тој начин си обезбедиле слободно движење во Унијата. Дури 20 членки на ЕУ им издаваат на инвеститорите дозволи за престој, а Бугарија, Кипар и Малта продаваат и државјанства

Треба да знаете
Последни објави