Search

Европската Комисија работи на интероперабилност на апликациите за Ковид-19

Апликациите за следење на епидемијата со коронавирусот треба да станат интероперабилни за да бидат корисни на цела територија на ЕУ, поради што Европската Комисија ги тестира техничките можности, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од денеска Европската Комисија почнува со тестовите со апликациите од шест земји членки на ЕУ – Чешка, Данска, Германија, Ирска, Италија и Летонија, сѐ со цел да се дојде до целосна интероперабилност на мобилните апликации ширум ЕУ, за да можат да функционираат непречено во сите 27 земји.

-Многу земји членки воведоа апликации за следење на контактите и за алармирање, сега е време да овозможиме взаемна интеракција. Патувањата и личните контакти се срцето на европскиот проект и на заедничкиот пазар, изјави еврокомесарот Тиери Бретон.

Комесарката задолжена за здравство, Стела Кириакидес, додаде дека колку повеќе се користат апликациите толку поефикасна ќе биде борбата против вирусот.

За сега немаат сите земји на ЕУ апликации за следење на контактите, но Европската Комисија иако не може да ги задолжи земјите, силно препорачува воведување на ваква мобилна апликација.

Треба да знаете
Последни објави