Search

Европската комисија есенва ќе го претстави планот за раст на економијата на Балканот

Европската комисија есенва ќе го претстави Економскиот и инвестициски план за Балканот, кој треба да го забрза економскиот раст и да создаде нови работни места во регионот, како дел од напорите за закрепнување од пандемијата на коронавирус.

„Износот од 12,6 милијарди евра предвиден за инструментот на претпристапна помош е многу важен пакет“, изјави извор од Европската комисија за „Дневни аваз“.

Сумата треба да и овозможи на Европската комисија да го претстави Економскиот и инвестициски план за Балканот, со цел да ги зајакне врските во областа на енергетиката, транспортот, зелената агенда, како и вклучување на регионот во дигиталната програма на ЕУ и поддршка на напорите за реформи со кои земјите од Балканот ќе се приближат кон ЕУ, пренесува порталот Bankar.me.

Европската комисија посочува дека целта е да се поддржи долгорочно економско закрепнување.

„Планот ќе се фокусира на клучните области, како што е поврзаноста, особено во транспортот и енергетиката, зелената транзиција и дигиталната трансформација. Овој план треба да донесе раст и работни места во регионот, што е исто така дел од нашите заеднички напори да закрепнеме од пандемијата на коронавирусот“, додаваат од Европската комисија.

Треба да знаете
Последни објави