Search

Европската енергетска мрежа минатата недела била на работ на крах

Европската мрежа за снабдување со електрична енергија минатата недела била блиску до колапс, што можело да предизвика милиони домаќинства да останат без струjа, тврди виенскиот дневен весник „Стандард“.

Фреквенцијата на мрежата, минатиот четврток околу 21.00 часот паднала на 49,8 херци, што за експертите е граница кога треба да се применат заштитни механизми.

Последен пат ваква ниска фреквенција била измерена пред 12 години, кога во Франција, превентивно, од мрежата мораше да бидат исклучени 10 милиони домаќинства.

Овој пат преземените мерки дале резултат, поради што немаше прекин во напојувањето.

Експертите истакнуваат дека Европа била на работ на катастрофа, а мајорот на австриската армија, експерт на ова поле, Херберт Сауруг, појаснува дека за тоа би биле винови различни околности.

Тој објаснил дека некои електрани понекогаш прерано се исклучуваат од мрежата, додека други бавно се приклучуваат, при што резултатот е преслаба снабденост.

Доколку, каков што бил случајот изминатата недела, на тоа се додаде и испадот на шпанските електрани од мрежата, тогаш се заканува крах во напојувањето, што се случува кога фреквенцијата достигнува ниво од 48 херци.

Според Сауруг, иако се чини дека има голем простор за делување кога фреквенцијата е помеѓу 49,8 и 48 херци, сè се случува премногу брзо и рамката за реакција е всушност многу тесна.

За само неколку секунди може да дојде до пад на мрежата, објаснил тој, додавајќи дека многу е важно благовремено да се преземат мерки на претпазливост.

Треба да знаете
Последни објави