Search

Европратениците ги избраа финалистите за наградата Сахаров 2019

По денешното заедничко гласање на замениците на комисиите за надворешни работи и развој, избрани се финалистите за наградата Сахаров 2019. Тоа се Мариела Франко, Клоделис Силва дос Сантос, поглаварот Раони и Илхам Тохти, јави дописникот на МИА пд Стразбур.

Мариела Франко е убиениот бразилски политички активист и бранител на човековите права, поглаварот Раони, бразилски домороден поглавар и заштитник на животна средина и Клоделис Силва дос Сантос, бразилски еколог и борец за човековите права.

Реставраторите – група од петмина кенијски студенти, составена од Стејси Овино, Синтија Отиено, Пуриети Ачиенг, Маскрин Атиено и Ајви Акинии, кои развија i-Cut, апликација која им помага на девојчињата да се справат со осакатување на женските гениталии; и Илхам Тохти, економист во Ујгур, кој се бори за правата на малцинството Ујгури во Кина.

Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент (составена од Претседателот и лидерите на политичките групи) ќе го избере конечниот победник на 24 октомври. Наградата ќе биде доделена на 18 декември на церемонија во собраниската сала во Стразбур.

Наградата Сахаров за слобода на мислата се доделува секоја година од страна на Европскиот парламент. Создадена е во 1988 година за да ги награди поединците и организациите кои ги бранат човековите права и основните слободи.

Наградата е вредна 50.000 евра и таа е воспоставена во чест на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров. Во 2018 година, наградата му беше доделена на украинскиот режисер Олег Сенцов.

Треба да знаете
Последни објави