Search

Европол: Уапсени 45 лица, запленети милиони евра од илегална трговија со кокаин

Повеќе од илјада полицајци во шест држави, со поддршка од Европол, денеска уапсија 45 лица во најголемата операција против кријумчарите на дрога од Бразил во Европа.

– Полицајците денеска упаднаа во 180 куќи, а уапсени се 45 лица, со што е прекинат синџирот за криумчарење, што на мафијашката група му донесе профит од 100 милиони евра во првите шест месеци со внесување на 45 тони кокаин, се наведува во соопштението на Европол.

Операцијата беше спроведена во Португаија, Белгија и Бразил, а имаше помош и од полицијата на Шпанија, Холандија, Романија и на Обединети Арапски Емирати.

Во Бразил се уапсени 38 луѓе, во Белгија четворица, во Дубаи двајца и еден е уапсен во Шпанија. Запленети се 12 милиони евра во Португалија, 200.000 евра и еден милион бразилски реали (157.000 евра) како и 169.000 американски долари во Белгија.

Исто така запленети се 70 луксузни возила во Бразил, Белгија и Шпанија, како и 37 приватни авиони, 163 куќи во Бразил, две куќи во Шпанија вредни четири милиони евра и два апартмани во Португалија во вредност од 2,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави