Search

Европа мора да се држи до хуманите и моралните вредности, вели Аврамопулос

Европа мора да се придржува до своите морални и човечни должности во врска со прашањето за нелегална миграција, вели ЕУ претставник.

„Да бидеме искрени, последните неколку недели не беа најблескавиот момент на Европа“, изјави Димитрис Аврамопулос, Европски комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство.

Осврнувајќи се кон двата брода кои пренесуваа 49 бегалци, а кои чекаат 19 дена, Аврамопулус објасни дека односот на ЕУ не е во склад со вредностите на Унијата.

„Европската унија ја крепат човечки вредности и солидарност. Ако не се придржуваме до овие вредности и солидарност тогаш тоа не е Европа“, објасни Аврамопулус и додаде дека Комисијата е спремна да работи со земјите-членки за да развие привремена стратегија.

Тој исто така се заблагодари на Малта која ги прими бегалците.

„Многу ми е драго што нашите напори покажаа резултати и дека на крајот сите оние кои беа на бродот сега се на копно“, изјави Аврамопулос.

„Овие настани покажуваат дека сите учесници, вклучувајќи ги и невладините организации, мора да ги почитуваат правилата и да се однесуваат одговорно за да не го повторат бизнис-моделот на оние кои тргуваат со луѓе и ја експлоатираат човековата мизерија“, вели еврокомесарот.

Аврамопулос нагласи дека е време да се финализираат реформите за правилата за азил во ЕУ.

„Потребно е да ги финализираме реформите со цел да ставиме крај на нелегалната миграција, да ја намалиме злоупотребата и да се осигураме дека апликациите за азил брзо ќе се процесираат низ цела Европа“, вели еврокомесарот

Треба да знаете
Последни објави