Search

Европа бара сириската армија и руските сили да го почитуваат примирјето во Идлиб

– Министрите за надворешни работи на 14 европски држави, меѓу кои и на Франција и на Германија, бараат сириската армија и руските сили да ја прекинат офанзивата во сириската провинција Идлиб и да се почитуваат одредбите од договорот за прекин на огнот од 2018 година.

– Го повикуваме сирискиот режим и неговите приврзаници, посебно Русите да ја прекинат офанзивата и да се вратат кон договорот за прекин на огнот од 2018 година, апелираа министрите.

Тие исто така побараа да се почитува меѓународното хуманитарно право, посебно да се заштитат хуманитарните работници и медицинскиот персонал.

– Борбата против тероризмот не може да се оправда со масовно кршење на меѓународното хуманитарно право, на што сме сведоци секој ден во северозападна Сирија, истакнаа министрите.

Европските министри за надворешни апелираа Русија да ги продолжи преговорите со Турција со цел да се постигне политичко решение во Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави