Search

Европарламентот бара Лондон да ја напушти ЕУ до 18 април

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изјави дека одложувањето на Брегзит не треба да биде подоцна од 18 април, последниот работен ден на Европарламентот пред изборите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тајани нагласи дека им ја пренел оваа порака на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ на почетокот на денешниот Самит.

– Сакаме одлагањето да биде што покусо и не подоцна од 18 април, што е последниот официјален работен ден за овој состав, изјави Тајани на прес-конференција.

Претседателот на европскиот законодавен дом порача дека крајната одлука сепак им припаѓа на земјите членки на ЕУ, а не на Европскиот парламент и дека ако е потребно тој е подготвен да организира вонредна седница по 18 април.

Британската премиерка Тереза Меј од ЕУ бара одложување на Брегзитот до 30 јуни, додека голем број земји членки на Унијата сакаат рокот да не биде подоцна од 22 мај, односно непосредно пред почетокот на европските избори.

– Секој избор кој од подалеку од европските избори ќе предизвика сериозна штета и правни проблеми, предупреди Тајани.

Запрашан дали би прифатил Британците да учествуваат на претстојните избори, Тајани изјави дека не гледа смисла тие да учествуваат на нив доколку „не веруваат во ЕУ”.

Треба да знаете
Последни објави