Search

Евролигата ќе одржи претсезонски турнири во Каунас и Валенсија

Евролигата објави организација и одржување на два претсезонски турнири: во литванскиот Каунас (12-13 септември) и шпанската Валенсија (15-16 септември).

Во Каунас, покрај домаќинот на турнирот Жaлгирис, ќе играат и италијански Милан, грчки Панатинаикос и турски Анадолу Ефес.

На шпанскиот турнир ќе настапат домаќинот Валенсија, грчкиот Олимпијакос, германскиот Баерн Минхен и францускиот АСВЕЛ.

Секоја екипа во рамките на турнирот ќе одигра два натпревари: полуфинале и натпревар за прво или трето место.

Треба да знаете
Последни објави