Search

Ево Моралес доби статус на бегалец во Аргентина

Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес се наоѓа во Аргентина, каде доби статус на бегалец, соопшти денеска шефот на аргентинската дипломатија Фелипе Сола.

Моралес претходно беше во Мексико каде доби азил, откако минатиот месец поднесе оставка по речиси 14 години на власт по наводите дека ги фалсификувал парламентарните избори.

Неговата наследничка Жанин Анес го обвини Моралес и други негови соработници за разгорување на жестоки судири по изборите во Боливија, кои траеја повеќе од еден месец и во нив загинаа десетици луѓе.

Сегашната власт тврди дека Моралес предизвикал голем недостиг на храна и гориво, давајќи им инструкции на своите следбеници да ги блокираат патиштата кои водат кон големите градови, по неговото заминување во Мексико.

Треба да знаете
Последни објави