Search

ЕВН го поттикнува интересот кај идните средношколци за техничките науки

ЕВН традиционално ја поддржува манифестацијата „Денови на електротехниката” што се одржуваат во просториите на СЕТУ „ Михајло Пупин” од Скопје. Над 100 ученици од 30 основни училишта од Скопје ќе се дружат и натпреваруваат со знаењата од областа на техничките науки.

Управителот на Електродистрибуција, Харалд Дамарер на отворањето на Деновите на електротехниката рече дека љубовта кон техничките науки се креира уште во детството и затоа нивна цел е да се поддржат проектите каде што најмладите и идните средношколци ќе може да ја почуствуваат магијата и моќта на техниката.

-Со сите наши активности кои се во насока на поддршка на образованието, ние всушност се грижиме за иднината на енергетиката во Република Северна Македонија и за идните генерации електричари и инженери. Компаниите имаат потреба од квалитетно образован и креативен кадар во техничките науки, а на Вас младите овде Ви треба поддршка, партнерство и јасни патокази за една светла иднина, посочи Дамарер.

Натпреварот ќе се одржи на принцип на решавање тест по наставниот предмет Физика за деветто одделение, на теми од областа на електротехниката. Најдобрите три екипи од основните училишта ќе се пласираат во финалниот натпревар на знаење од областа на физиката и електротехниката, информират од ЕВН.

Најдобрите ќе бидат наградени со вредни награди, а сите учесници ќе имаат можност да го посетат и изложбениот центар на ЕВН во Матка.

Треба да знаете
Последни објави