Search

Еве што ѝ рекол Роналдо на својата мајка после елиминацијата на Јувентус

И денес во центарот на вниманието на фудбалската јавност е  нова сензација која ја приредија фудбалерите на Ајакс.

Откако го декласираа Реал Мадрид во осмина-финалето, фудбалерите на Ајакс синоќа им одржаа лекција и на фудбалерите на Јувентус и со победата од 2:1, заслужено се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во најелитното европско клубско натпреварување.

Колку тешко елиминацијата од Лигата на шампионите му падна на Роналдо можеше да се види по крајот на вчерашниот натпревар, а иако тој им побегна на новинарите, неговата мајка откри како се чувствувал после поразот.

„Му беше тешко и поради навивачите и поради соиграчите. Но, тој ми рече дека не е волшебник. Елиминирани се и животот продолжува понатаму“, изјави Долорес, мајката на Кристијано Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави