Search

Еве што предвидела Баба Ванѓа за идната година: Атентат над Путин и мистериозна болест на Трамп…

Познатата Баба Ванѓа која што го предвиде Брегзит и создавањето на Исламската држава, меѓу другото, има прогноза и за 2019-та година, тврдат нејзините верни следбеници и толкувачи на пророштвата.

Балканскиот Нострадамус, како што ја нарекуваат Баба Ванѓа и натаму има голем број на следбеници затоа што голем број од нејзините пророштва се имаат остварено.

Кога станува збор за новата 2019-та година, се предвидува дека Европа ќе биде погодена од економски колапс, а главна вест е дека ќе има обид за атентат над рускиот претседател Владимир Путин. Таа верувала дека заканата по животот на Путин ќе дојде од неговиот тим за обезбедување, но не е јасно дали рускиот претседател ќе биде убиен, или ќе го преживее атентатот.

 

Според пророштвото на Баба Ванѓа за 2019-та година, Азија ќе биде погодена од огромно цунами, слично на тоа од 2004-та година, а Русија ќе биде погодена од голем метеор. Таа наводно верува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест поради која ќе го загуби слухот и ќе добие оштетување на мозокот.

Познато е дека Баба Ванѓа досега успешно има предвидено неколку работи, како на пример инвазијата на исламските екстремисти во Европа во 2016-та година, конфликт кој што таа предвиде дека ќе започне со арапската пролет во 2010-та година. Таа исто така предвиде дека и Владимир Путин ќе завладее со Русија и светот.

„Сите ќе паднат, како мразот кога се топи, а само еден ќе остане недопирлив – славата на Владимир, славата на Русија“, рекла Баба Ванѓа во 1979-та година за време на нејзината средба со писателот Владимир Сидоров.

Според експертите, 68% од нејзините пророштва се исполниле, односно помалку од 85% колку што тврдат нејзините следбеници.

Треба да знаете
Последни објави