Search

Еве зошто токму овој град е најбезбеден на светот

Иако Сингапур ја прослави својата 50-годишнина од прогласувањето на независност уште во 2015 година, оваа земја веќе ја организира следната прослава. Тие сега се припремаат за 200-годишнината од доаѓањето на сер Стамфорд Рафлс кој го основал Сингапур како трговска дестинација за Британците.

И покрај нејзиниот културен диверзитет, земјата останува во развој на разговорите за сексуалност. Сингапур сѐ уште го признава правото наследено од британската колонијална власт со кое се забранува геј сексот, иако Индија веќе го укинала тоа. Истополовите односи не се законски признаени во Сингапур, ниту пар од истиот пол може легално да посвои дете, но активистите продолжуваат да бидат свеста на државата и се обидуваат да ги менуваат ставовите на народите. 

Главниот град има совршена локација – сместен на само еден степен северно од екваторот, Сингапур се карактеризира со врела клима во текот на целата година на која треба да се навикете.

“Мора да се навикнете на потењето, а вашата коса никогаш нема да изгледа исто како и дома”, тврдат туристите кои го посетиле Сингапур.

Според неодамнешниот извештај , Сингапур во исто време е најскап град на светот со станарина од околу 1885 долари за студио апартман далеку од центарот на градот.

Сепак, искусните жители велат дека тие бројки не секогаш ja одразуваат реалната слика. Што се однесува до трошоците на живот, тие не се нужно високи, ако водите локален начин на живот. Во прилог на тоа зборува и податокот дека Сингапур ја има една од најниските даночни стапки на светот, ограничувајќи се на 22 отсто.

Треба да знаете
Последни објави