Search

Еве зошто во брак се запуштаат мажите, а зошто жените

Не е необично да видите брачен пар кој после неколку години живеење во заедница, накачил килограми.

Но, освен килограмите, често ја запоставуваат и личната хогиена, менталното здравје, но и сексуалниот и љубовен живот.

Премногу работа, недостаток на хемија, деца, дневен стрес…. Сите тие се причини зошто многумина во бракот потполно се запуштаат и престануваат да личат на себе. Сепак, причините на жените се различни од оние на мажите.

Жените најчесто се запуштаат поради исцрпеност и замор. Едноставно немаат сила да се трудат, па затоа премногу се опуштаат. Ако се подложни на депресија, разни лекови и алкохол, кои поттикнуваат зголемување на килограмите, тоа ги доведува до значајно влошена состојба.

Од друга страна, мажите многу често се запуштаат поради недостаток на предизвици и недостаток на хемија во бракот. Многу често двете страни го премолчуваат незадоволството, а молчењето неретко доведува до неверство и развод.

Ако се пронајдовте во овој текст, застанете и размислете колку всушност време и труд ви се потребни за секогаш да бидете чисти и уредни, да се храните здраво и да вклучите барем 15 минути тренинг во вашата секојдневна рутина. Дури и покрај децата и полното работно време, ова е апсолутно изводливо и единствената препрека која ви стои на патот сте самите вие. Затоа, преку читање, медитација и позитивна мисла, нахранете го вашиот мозок, а со добрата енергија ќе го доведете вашиот живот во најдобра можна состојба.

Треба да знаете
Последни објави