Search

Евертон својот иден тренер го најде во Кина

Актуелниот тренер на кинескиот фудбалки клуб Шангај СИПГ, некогашниот играч Витор Переира, е главен кандидат за преземање на тренерската позиција кај англискиот премиерлигаш Евертон.

Португалскиот стручњак би можел во следните часови да добие дозвола од Шангај да си замине, но секако откако Евертон ќе плати одредена компензација. За 51-годишниот Переира се интересира и Арсенал, а за клупата на Евертон, најсериозен противкандидат му е Дејвид Мојс.

Переира со Шангај во минатата сезона го освои третото место. Тој во Кина зема огромна плата, а претходно ги има водено Порто, Олимпијакос и Фенербахче, но предизвикот да биде тренер на Англија можеби ќе пресуди.

Треба да знаете
Последни објави