Search

Ева Meндес сонувала да биде чесна сестра, сега продава костими за капење

Холивудската актерка Ева Мендес (45) постигнува успех како на приватен така и на деловен план. Поточно, сопругата на Рајан Гослинг (38) лансира нова колекција облека во соработка со бренд со седиште во Њујорк.

Таа влезе во светот на модата прво произведувајќи своја шминка, а потоа на Њујоршката модна недела ја претстави својата прва линија на облека, а потоа и линијата на обувки. Таа се појави и во улога на модел во рекламна кампања, што и била на почетокот од кариерата.

Мендес е родена во Мајами додека детството го поминала во Калифорнија, каде што посетувала основно католичко училиште. Таа изјави за британски „Сан“ дека сонувала да стане чесна сестра во детството, но се откажала кога дознала дека тие не добиваат плата. Таа објасни дека отсекогаш сакала да им помага на најблиските и сиромашните во светот.

„Немавме многу пари кога пораснав, па секогаш ѝ велев на мајка ми: ‘Мамо, ќе ти купам голема куќа кога ќе пораснам, и автомобил’. Кога имав десет години, сестра ми ме праша: ‘Како ќе го купиш сето тоа за мама? Ќе бидеш чесна сестра, а тие не добиваат плата.’ Ја прашав: ‘Што?’ и тоа беше тоа, дојде крајот на мојот сон за манастир“, изјави актерката.

Треба да знаете
Последни објави