Search

Ева Мендез сака да глуми Дизниев негативец

Ева Мендез вели дека е спремна повторно да глуми и дека сака улога на Дизниев негативец, но, исто така, признава дека е подготвена да го следи Хич („Доктор за љубов“) со Вил Смит.

Таа стана позната по одличните улоги во драми и романтични комедии.

А сега, прекрасната Ева е мајка на две деца и сака да игра во филм прилагоден за деца.

Но, 45-годишната актерка не се ограничува на семејни филмови и открива дека би сакала повторно да биде во тим со Алекс Хиченс Хич (Вил Смит), за евентуално продолжение на софистицираната романтична комедија, 15 години по излегувањето на првичниот филм со оригинaлен наслов Hitch.

Во филмот, „докторот за љубов“, кого го игра Вил Смит, тврди дека може секому да му најде сродна душа за само три љубовни состаноци. Кога една новинарка (Ева Мендез) сака да го претстави како измамник, тие двајцата почнуваат да се вљубуваат.

Треба да знаете
Последни објави