Search

Ева Лонгорија ќе глуми во филм комедија

Популарноста ја стекна со улогата на Габриела Солис во хит-серијата „Очајни домаќинки“ на Еј-би-си, која траеше од 2004 до 2012 година.

А сега Ева Лонгорија потпиша да глуми во филмот комедија Unplugging („Исклучување“).

Актерката, 45, ја заменува Исла Фишер која првично требаше да глуми во филмот наспроти Мет Волш.

Волш, најпознат по улогата на Мајк Меклинток во Veep на „ХБО“, е ко-автор на сценариото за филмот, кој моментално се снима во Оклахома.

Приказната се фокусира на еден пар кој по смртта на нивниот пријател тргнуваат кон далечен град на „забавен дигитален детокс“.

Треба да знаете
Последни објави