Search

Ева Лонгорија ги повика фановите да гласаат на изборите во ноември

Ева Лонгорија Бастон ги повика своите следачи на социјалните мрежи да гласаат на претстојните претседателски избори.

Ева ја отвори виртуелната Демократска национална конвенција уште во август, имајќи предвид дека таа со години беше отворен политички активист на Демократите во САД.

А во понеделникот, 45-годишната актерка која глумеше во популарната серија „Очајни домаќинки“ докажа дека и во слободните денови, па дури и кога вежба во сала, продолжува со политички активизам – со селфи и порака.

Латино-убавицата, покажувајќи ги затегнатите стомачни мускули, им се обрати на своите осум милиони следачи на Инстаграм и ги повика да гласаат во ноември.

Треба да знаете
Последни објави