Search

Евангелос Апостолакис нов министер за одбрана на Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го именуваше шефот на Генералштабот на војската, адмиралот Евангелос Апостолакис за нов грчки министер за одбрана, јавуваат тамошните медиуми.

Ципрас вчера повика на гласање во парламентот за доверба на владата, поради оставката на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, лидерот на партијата која ја напушти владејачката коалиција во знак на протест поради договорот со Македонија.

Оставката на Каменос ја зголемува можноста за организирање на предвремени избори, а претседателот на парламентот изјави дека расправата за ова прашање би можела да започне утре, додека гласањето би можело да се одржи во среда навечер – 16 јануари.

Апостолакис потврди дека ја прифатил новата позиција на министер за одбрана, а пред состанокот со Ципрас истакна дека ,,моменталната ситуација бара компромис и единство”.

Каменос е претседател на Независната партија на Грција, која има седум пратеници во парламентот и остро се противи на договорот со кој би се окончал спорот меѓу Македонија и Грција за промена на името.

Треба да знаете
Последни објави