Search

Евакуиран екипажот од носачот „Кузњецов“, пожарот сè уште се гаси

Целиот екипаж на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е успешно евакуиран по пожарот кој избувна за време на поправката во Мурманск, а во кој беа повредени двајца војници, соопшти руското Министерство за одбрана.

Пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот што најпрво избувна во единицата за напојување, а потоа се прошири, пренесува „Ројтерс“ и додава, повикувајќи се на руските медиуми, дека е тешко да се дојде до местото каде што е пожарот, поради густиот чад создаден од горење на каблите.

„Адмирал Кузњецов“ е единствениот носач на авиони на Русија, долг 120 метри и се користеше во воената кампања на Русија во Сирија за поддршка на сирискиот претседател Башар ел Асад

Треба да знаете
Последни објави