Search

Евакуирани 121 лице од насукан брод на Белото Море

Спасувачите евакуирале 121 лице од туристички брод што се насукал на Белото Море, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби на Русија во Карелискиот Регион.

Во 5:20 часот утрото на 13 август 2019 година патниците биле успешно евакуирани од туристичкиот брод „Сафир“ во Белото Море, соопшти Министерството, објави ТАСС.

Евакуирани се 121 лице, кои патувале од островот Соловки за Беломорск, соопшти портпаролот.

Никој не е повреден за време на инцидентот и бродот не е оштетен. Според ТАСС, инцидентот се случил поради грешка на капетанот на бродот.

Операцијата за спасување започнала во текот на ноќта и траела речиси четири часа и во неа учествувале неколку чамци и рибарски брод.

Треба да знаете
Последни објави