Search

Евакуирани 100.000 луѓе во Индија поради циклонот Нисарга

Крајбрежните области на западна Индија, вклучително и финансискиот центар Мумбаи, се во состојба на готовност, додека 100.000 луѓе се евакуирани поради силниот циклон, кој се очекува да го погоди брегот.

Циклонот Нисарга се очекува да го погоди брегот крај Алибага, околу 100 километри јужно од Мумбаи. Циклонот ќе предизвика големи дождови и екстремно силен ветар, според прогнозата на Индискиот метеоролошки институт.

Државата Махараштра, чиј главен град е Мумбаи, евакуираше 50.000 луѓе од крајбрежните области во пет окрузи, изјави шефот на регионалната служба за спасување, Кишоре Нимбалкар.

Соседната држава Гуџарат евакуираше 50.000 луѓе од загрозените области.

Циклонот е нов предизвик за Мумбаи кој со 40.000 потврдени случаи на коронавирус е најтешко погодениот град во Индија.

Нимбалкар рече дека се преземени мерки со кои болниците нема да останат без електрична енергија.

Треба да знаете
Последни објави