Search

Евакуирани 10.000 луѓе поради бомба од Втората светска војна во Торино

Повеќе од 10.000 луѓе биле евакуирани од историскиот центар на Торино, Италија, поради отстранување на бомба од Втората светска војна.

На уште 50.000 жители од друга зона им било советувано да ги напуштат домовите.

Британската бомба, со која овој град бил гаѓан пред 70 години, имала 65 килограми динамит, пренесува Би-би-си.

Градоначалничката на Торино, Кјара Апендино, соопшти дека бомбата е деактивирана и дека операцијата била завршена побрзо отколку што се очекувало.

За време на операцијата, во околината патролирала војската за да се спречат евентуални кражби, а бил затворен и воздушниот сообраќај над Торино.

Треба да знаете
Последни објави