Search

Евакуирани двајца завеани жители на Горно Мелничани

Расчистен е патниот правец кон селото Горно Мелничани и двајца жители се евакуирани, соопшти Дирекзијата за заштита и спасување.

-По добиената дојава од страна на двајца жители на селото Горно Мелничани, општина Центар Жупа, Подрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување-Дебар излезе на терен со што направи брза процена и со дадените препораки на Општината патот е расчистен. Двајцата жители денес на пладне беа успешно евакуирани, а, патот може непречено да се користи, се наведува во соопштението.

Од Дирекцијата велат дека и понатаму активно ќе бидат вклучени за надминување на проблемите кои произлегуваат со снежните наноси во земјава. Тие апелираат до Единиците на локалната самоуправа да ги стават на располагање сите свои расположливи ресурси за заштита на граѓаните согласно Законот за заштита и спасување.

Треба да знаете
Последни објави