Search

Евакуација на рудари од рудник во Русија

Од рудник во рударската област Кузбаш евакуирани се рудари поради дефект на вентилацијата.

„Во рудникот имаше околу 100 лица кога системот престана да работи“, изјавија за „ТАСС“ од локалниот секретаријат за рударство и нагласи дека нема опасност по животот на рударите.

Досега биле евакуирани околу 50 работници.

Според информациите на регионалното министерство за вонредни ситуации, во рудникот се испратени две спасувачки екипи.

Треба да знаете
Последни објави