Search

Д-р Пановски едно пишува на Фејсбук и говори на телевизија, друго тврди во неговите стручни мислења

Колку се искрени намерите на професорот по микробиологија Никола Пановски, за помош во корона кризата? Oваа дилема се наметнува откако вчера во јавноста излезе стручното мислење на д-р Пановски, по посетата на ковид центрите на Интерни клиники, каде бил на покана на министерот за здравство Венко Филипче. Докторот во својата експертиза напишал дека ковид одделенија се солидно организирани, а на пациентите им се дава соодветна терапија по протоколи, дополнително дека на оделите има лекари од областа на инфектологија и интерна медицина кои ги лекуваат пациентите. Оваа стручна експертиза на Пановски се коси со неговите ставови кои изминатиов период ги пласира по медиумите и тврди дека лекарите не знаат да лекуваат пациенти заболени со корона и им даваат антибиотици до ниво да ги отрујат. На 25 ноември, Пановски на својот Фејсбук профил, каде има огромен број следбеници, пишува со ноќи не спиел откако дошол до застрашувачки податок дека интернисти „ трујат “ пациенти со антибиотици. Овој свој заклучок Пановски го темели на случај од Лабуништа, но носи заклучок за целиот здравствен ситем, медицинскиот кадар и лекарите кои од почетокот на пандемијата се на прва линија во борба со опасниот вирус Ковид 19. По ова тврдење, Пановски си противречи во стручното мислење што го напиша по посетата на Интерни клиники во кое тој констатира парвилно давање на антибиотици и други лекови. Пласирањето на информации поврзани со лекување и третман на пациенти од стручни лица треба да бидат внимателно пласирани во јавноста, секако доколку намерите на експертите се да помогнат на здравствениот систем во борба на светската пандемија од вирусот Ковид 19.

Треба да знаете
Последни објави