Search

Д-р Микиќ: Рестриктивните мерки се неопходни

– Рестриктивните мерки на движење за граѓаните кои се воведуваат од среда, според д-р Владимир Микиќ, претставник од Институтот за јавно здравје, се едноставно неопходни за да се спречи натамошно ширење на корона вирусот.

-Знам дека рестриктивните мерки секако ќе се примат со доза на недоверба кај одреден дел од граѓани, но едноставно се неопходни. Во овој период немаме друг друг начин, немаме специфичен лек, не постои вакцина, не постои друга мерка која што може да го спречи или ублажи понатамошното ширењето на епидемијата, рече д-р Микиќ на денешната прес-конференција во Владата, на која зборуваа министерот за здравсто Венко Филипче и премиерот Оливер Спасовски.

Уверува дека доколку не се преземат овие мерки ќе не очекуваат многу поголем број на заболени што ќе значи оптоварување на нашиот здравствен систем.

-Од тој аспект уште еднаш апелирам до сите граѓани да го издржиме овој период, сепак се работи за ограничен период каде што ќе треба да се придржуваме кон овие мерки на социјална дистанца се со цел да ги заштитиме оние што кај кои ова заболување може да предизвика тешка клиничка слика, рече д-р Микиќ.

Треба да знаете
Последни објави