Search

Д-р Данаиловски за учебната година: Се може да се надомести, не и изгубеното здравје и животи!

Не смееме да експериментираме со најдрогоценото нешто-децата! Нашиот подмладок! Ќе останеле децата неписмени? Ќе бидам краток: Сè може да се надомести, ама здравјето и изгубените животи- не можат, ијзвави за телевизија Сител, епидемиологот, д-р Драган Даниловски.

Што да очекуваме на 1 септември ако децата седнат во училишни клупи? Веројатно помал или поголем број случаи на инфекции, кои ќе бидат маскирани со настинките (веројатно и грипот).Хипотетично, практично сите деца што ќе почнат да шмркаат и кашлаат, ќе треба да се тестираат. А додека чекаат резултат, да седат дома. А знаете ли колку деца добиваат настинки по почетокот на учебната година? Речиси секое второ… А нивните контакти кои ќе бидат? Цел клас…, вели Даниловски.

Според него, секоја година уште на самиот почеток од школската година, некаде кон средината на септември и почетокот на октомври се јавуваат разни вируси и инфекции кои се шират во училиштата. Голем број од нив имаат симптоми слични на корона. За првпат оваа година ќе треба да се соочиме со двата вируси одеднаш, за што е потребна и поголема подготовка на државата за овој период.

-Требаше да се предвиди дека ќе дојде време на почеток на школската година. Требаше да се опремат училиштата со елементарни хигиенски услови. Требаше да се процени во расположивиот простор-училници по колку ученици може да се распределат. Требаше наставниците да се обучат да работат онлајн. Требаше родителите да се едуцираат, да ги воспитаат своите деца во новиот дух… Многу нешто требаше! Сега, ми се чини, ќе импровизираме во минута до 12. Не е доволно само миењето раце и дезинфекција! Дали наставникот треба да изиграва постојано џандар и да следи дали се носат маските? Или да се концентира на наставата? На што ќе личи таквата настава? И уште за 20 минути час, како што се спомнуваше?, смета Даниловски.

Тој смета дека во сегашна ситуација треба да се примени комбиниран модел. Да се отворат школите само во тие општини каде што просечниот двонеделен број заразени на 100.000 жители е под 20, што е европски просек,  во сите други, само онлајн.

-Ќе речете, ама Данска ги отвори училиштата во април за деца до 12 години, а во мај и за поголемите. Шведска не ги ни затвори. Значајно не се зголеми бројот на позитивни. Ама многу стриктно децата ги почитуваа протоколите. Има и други искуства. Израел направи обид со отворање на школите, па ги затвори, зашто им се појавија многу случаи. Но не сме ниту Данска, ниту Финска, ниту Шведска… Неприфатливо е Комисијата да препорачува, а МОН да одлучи! Не! Заклучоците на комисијата, артикулирани во одлука на министерот за здравство, треба да бидат закон. Одлуката да ја донесе не МОН, туку Владата, врз основа на предлогот на Министерот за здравство! Не смее да се оди со приодот – да пробаме, па ако треба ќе смениме! Тоа е начин на стекнување знаења се метод на „обид и грешка“. Тоа е најпримитивниот начин на доаѓање до знаење! Разумни суштества учат од свое и туѓо искуство. Не смееме да експериментираме со најдрогоценото нешто – децата! Нашиот подмладок! Ќе останеле децата неписмени? Ќе бидам краток: Сè може да се надомести, ама здравјето и изгубените животи- не можат!, заклучи Даниловски.

Треба да знаете
Последни објави