Search

Д-р Виктор Камнар: Жена на 94 години прооде благодарение на вештачки колк

Вградување на вештачки колкови и зглобови, издолжување на екстремитети кај деца, отстранување на остеосаркоми се само дел од приоритетите на Клиниката за ортопедија. Нејзиниот прв човек, д-р Виктор Камнар, хирур ортопед, вели дека откако е на чело на Клиниката голем напредок има на сериозната хирургија, која третира деформитети на рбтет, вродени или стекнати деформитети кај деца и компелксни реконструктивни зафати.

Ваентина Ангеловска

-Она за што можам да зборувам во моментов се операционите сали кои треба да се отворат за петнаесетина дена. Станува збор за три комплетно нови сали со цела опрема работени по највисоките светски стандарди. Од наша страна можам да ветам дека за кратко време листата на чекање за вградување на вештачки колк или зглоб ќе се намали за три пати. Не се штеди на импланти, се користат само најдобрите. Доказ за тоа се и последните случаи на операции кога жена на 94 години беше оперирана. Доби вештачки колк и веќе следниот ден беше на нозе. Исто така успешно е опериран и маж на 93 години. И тој веќе е на нозе. Немаме лимит кога возраста е во прашање, вели Камнар.

Тој објаснува дека во последно време е сконцентриран на елонгација или издолжување на екстремитетите.

-Се работи за пoсебна гранка во ортопедијата кај деца во раст. Издолжувањето се прави со надворешен фиксатор и екстремитетот се издолжува за 12 сантиметри. Издолжувањето обично трае околу 6 месеци за кое време двете нозе се изедначуваат. Расте практично нова коска но и нови ткива, вели Камнар.

Како друг случај го посочува седумнаесетгодишник со вродени аномалии, кај кого едниот екстремитет бил пократок за седум сантиметри.

-Пациентот во моментов е на нозе. Очекувам дека со новите сали кои ќе се отворат до крајот на годинава успесите ќе бидат уште поголеми. Салите се потполно нови, иако зградата е постара. Направивме најмодерни услови. Инвестицијата е голема покриена од страна на Фондот за здравство. Станува збор за три сали во кои ќе се извршуваат најтешки ортопетски зафати,вели Камнар.

На нивната клиника се третираат и спортски повреди.

-Од неодамна кај нас се користат и матични клетки за лекување на повреди на рскавица, тетиви и мускули, повреди на заздравување и оздравување на зглобови и при други состојби кои не се резултат на повреди. Раната рехабилитација се прави кај нас,објаснува првиот човек на Клиниката за ортопедија.

За разлика од другите клиники кај нив не недостасува стручен кадар.

-Имаме доволно докторски кадар. Меѓутоа кубуриме со сестри и болничари. Младите лекари се доста заинтересирани за ортопетска хирургија. Статистиката вели дека ортопедијата е во во првите три најпопуларни гранки, вели Камнар.

Во просек на нивната клиника се прават околу 2.000 операции годишно. Но секоја година операциите се зголемуваат за десет отсто. Возрасна граница за операции нема лимит. Се оперираат деца од само раѓање со вродени деформитети, до најтешки онколкошки постапки.

-Клиниката за ортопедија е единствен центар за дијагностика и лекување на пациенти во област на онколошка ортопедија. Зголемен е и бројот на деца со со деформитети на коски. Проблемот е во не селективната исхрана кај децата и немањето физишка активност. Наместо надвор децата растат пред комјутери каде нема реален туку вртуелен свет, вели Камнар.

Западна Европа, Индија,  Америкасе само дел од земјите каде бил дел од едукации. Во допир е со сите новитети кои можат да се скористат кај нас. Во просек оперира по пет пациенти дневно за осум часа работно време. Приватно е среќно женет со Неда. Татко е на две деца Даниел и Дора. Пешашењето е нешто што го релаксира. Џогира и вози статичен велосипед.

Од Нова година станува член на Американска академија на  ортопетски хирурзи и трауматолози.

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

Треба да знаете
Последни објави