Search

Д-р Андоновски: Досега тестирани 150 деца, од нив само 6 позитивни на ковид 19

На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле ,во моментов нема хоспитаизирано ниту едно дете заболено со ковид 19-вели вели доктор Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар и директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле за 24 инфо. Неговата изјава доаѓа откако Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирал вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно. Според Андоновски досега се тестирани над 150 пациенти кои биле хоспитализирани во Козле, а само 6 деца биле со позитивен наод.  

-Науката секаде покажала резултати и дала објаснување исто е и во овој случај само што навистина сме исправени пред една голема непознаница за која допрва ќе се пишуваат и изработуваат научни студии се со цел овој пат пак повторно да се спаси човековото опстојување.СЗО и епидемиолозите ширум целиот свет заедно со сите свои колеги кои се вклучени во целокупната борба која што се случува во овој момент не само кај нас туку низ целиот свет покажаа и докажаа дека кривата постојано до произлегувањето на новиот лек или вакцина ќе имаат бранова осцилација. Република Северна Македонија со сигурност не одстапува од државите како во регионот така и ширум Европа и светот, за сите кои беа зафатени со оваа проблематика со овој вирус им беше јасно што следува токму после толку празници и после толкаво не почитување на правилата и прописите дадени само да се заштити како државата , здравствените работници и самиот народ- вели првиот човек на Институтот.

Според него сликата и епидемиолошката крива е очекувана.

-Само како став личен и тоа педијатриски можам да кажам дека очекуваме брановидна епидемиолошка крива но и пад во текот на неделава што предстои. Само да упатам апел а и молба да се почитуваат пропишаните правила и протоколи бидејќи тие сега во моментов ни се најсилното оружие кое го поседуваме, апелирам на коренита промена на свеста и совеста , повисока медицинска култура и да разбереме дека само заеднички сплотено можеме да си помогнеме во овој период што ни предстои. Она што научната јавност во досегашниот тек го публикуваше а и нашето искуство покажуваат една среќна да ја наречам состојба кога станува збор за проблематиката во детската возраст.  Можам да кажам дека Детската болница Козле уште од самиот старт започна да ја работи оваа проблематика и е и во моментов КОВИД 2 болница за деца- вели Андоновски.

Според него досега се тестирани над 150 пациенти кои и биле хоспитализирани во болницата. Од нив до денес само 6 деца биле со позитивен наод.

– Сите беа успешно третирани и беа пуштени на домашно лекување и следење , сите се во одлична здравствена состојба. Симптомите се истите кои и сме ги кажувале во изминатиов период и клиничкиот тек е лесен, висока фебрилност , појава на воспаление на горните и долните дишни патишта , надразителна перзистнтна кашлица, би ги навел само овие симптоми бидејќи во досегашната практика беа наведувани доста и други симптоми кои ја засегаат детската возраст но не секогаш беа вистинска клиничка манифестација и пракса.  Ќе обрнам внимани е на многуте кои си го зедоа правото да дискутираат на оваа тематика и патологија , дека за сега лично тврдам дека никој го нема правото да го коментира или да си носи заклучоци а со тоа да создава огромна паника кај населението , секој совет треба да е добро намерен и во правец на Хипократовата заклетва а не ситни поени дали политички или финанскиски пред и се ние сме фела која треба да се бори сплотено а не да е опонираат, очигледно еден ден ќе ја доживееме и таа светска привилегија- вели доктор Андоновски.

Тој смета дека само дисциплината и почитувањето на препораките кои се навистина најрелаксирани за да можеме правилно да функционираме ќе вродат со плод.

-Секоја отстапка од препорачаноти и непочитта ќе не однесат во несакан правец и да можам да кажам дека не сакаме да се доведеме во ситуација да си играме со туѓи животи тука е нашата свест и одговорност на тест. Олабавувањето секако дека следува само и само доколку имаме навистина врвна дисциплина и свест како што можеме да ја видиме дури и кај нашите соседи се со цел за да се вратиме во рамките на нормалното живеење и работење. Голема радост е целиот медицински персонал на кој сите треба да сме му благодарни и што покажа врвни способности во справување со оваа болест но и да кажам дека народот треба да е наш сојузник а не нешто друго- вели Андоновски.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави